јуни 21, 2021

Викендов ќе се разговара за слободен проток на границите, без тестови и самоизолација

Венко Филипче

Викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите, односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација. Конечната одлука би можела да биде донесена веќе на почетокот на идната недела, најави министерот Венко Филипче во вчерашното гостување во „Клик Плус“ на „ТВ21“.

Одлуката ќе се носи врз основа на анализата на новозаразените и кластерите, рече Филипче, додавајќи дека отворањето на границите бара регионална координација за да се следат сите контакти доколку тоа е потребно, но и дека проценките се дека сите земји во регионот имаат сличен или ист епидемиолошки ризик, исти карактеристики за време на првиот бран и слични карактеристики сега, со тоа што Македонија е прва што изреагирала. Во тој контекст, министерот изрази и надеж дека соседите ќе покажат солидарност во третманот на нашите државјани затекнати во нивните земји.

Според Филипче, со отворањето на границите во целиот регион и слободниот проток на граѓани и возила – без ПЦР тестови, карантинот ја губи смислата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •