јуни 23, 2021

182 нови случаи на ковид-19, шестмина починати

pcr

Во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19.

  • Скопје 107
  • Куманово 14
  • Штип 4
  • Тетово 23
  • Струга 5
  • Битола 2
  • Охрид 6
  • Гостивар 4
  • Струмица 1
  • Кочани 1
  • Берово 1
  • Ресен 13
  • Неготино 1

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти.

  • Скопје 22
  • Дебар 1
  • Штип 1
  • Прилеп 1
  • Тетово 1
  • Велес 2
  • Битола 1
  • Кочани 2
  • Свети Николе 1
  • Кичево 1

Досега во Македонија се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •