јуни 22, 2021

Мемоарите на Џон Болтон: Трамп и заткулисните случувања во Белата Куќа

Трамп не знаел дали Финска е дел од Русија, како и дали Велика Британија има нуклеарно оружје во свои раце, а барал од Кина да помогне во неговиот реизбор

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

„Дали претседателот лаже?“, прашува новинарката на „ABC NEWS“, Марта радац.

„Да, лаже. И не е првпат исто така“, одговара поранешниот советник во Белата Куќа, Џон Болтон.

Поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон одлучи да ги раскаже сите заткулисни случувања во Белата Куќа, најмногу на сметка на својот поранешен шеф, претседателот Доналд Трамп. Во своите мемоари, „Собата каде тоа се случи“, Болтон објавува бомбастични обвинувања за Трамп. Но, она што најмногу го натерало да ја напише книгата е ланската средба зад затворени врати со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која Трамп го замолил да му помогне да победи на изборите. Всушност го условил кинескиот колега да ги купуваат земјоделските производи од американските фармери за да ја добие нивната поддршка на новите избори.

Во извадоците од книгата кои се објавени во три угледни американски весници, Болтон раскажува дека Трамп се ставал на страна на авторитарните светски лидери кои му се допаѓале и тоа го правел само од политичка корист, по цена да ослабне и американската нација. На пример, во однос на Путин , Трамп воопшто и не знаел со кого си има работа и бил целосно неподготвен.

“Мислам дека Путин мисли дека може да си игра со него како со загатка. Путин е паметен и тврд. Знае дека не се соочил со сериозен противник. Мислам дека не го загрижува Доналд Трамп”, смета Болтон. 

Американскиот претседател Доналд Трамп еднаш прашал дали Финска е дел од Руската Федерација, како и дали Велика Британија има нуклеарно оружје во свои раце, објави „Њујорк Тајмс“.

Во своите мемоари, Болтон пишувал и за други теми и навел дека Трамп ја сметал идејата за офанзива во Венецуела „правилна и одлучна“.

„Сајмон и Шустер“ ја промовирата книгата на Болтон како „книгата што Доналд Трамп не сака да ја прочитате“, ветувајќи дека е полна со срамни и контроверзни приказни од времето на Болтон во Белата куќа.

Американскиот претседател Трамп го нарече Џон Болтон лажго кој го прекршил законот, како одговор на непријатните обвинувања против претседателот, детално објавени во претстојната книга на неговиот поранешен советник за национална безбедност, пренесува „Њујорк пост“.

„Тој е лажго. Сите во Белата куќа го мразеа Џон Болтон “, изјави Трамп за „Волстрит џурнал“.

За Трамп, Болтон е лудак кој издава лажни приказни, и тврдења кои се спротивни на законот.

“Ужасна, ужасна работа. Но, го прекршил законот. Многу е едноставно. Колку и да биде прекршен законот, ова е строго доверливо, што е највисока фаза. Строго доверливи информации, за кои нема дозвола”, вели Трамп. 

Во друго интервју кај Шон Ханити во „Фокс њуз“ во среда вечерта, Трамп повторно беше прашуван во врска со тврдењето на Болтон дека побарал политичка помош од кинескиот лидер. Трамп одговори дека никој не бил построг кон Кина од него.

Трамп  жестоко го критикуваше Болтон и во серија твитови веднаш по полноќ во четвртокот.

„Книгата на чукнатиот Џон Болтон е премногу здодевна (Њујорк тајмс) и е составена од лаги и лажни приказни”, напиша тој. „За мене зборуваше се најдобро додека не го отпуштив. Незадоволна здодевна будала која сакаше само да оди во војна. Никогаш немаше поим, беше избегнуван и среќно отфрлен. Какво ѓубре! “

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •