јуни 20, 2021

Комично-бизарен спот на српската партија: Ако не гласате за Вучиќ, ќе ве изеде диносаурус!

Парламентарните и локалните избори во соседна Србија ќе се одржат во недела на 21-ви јуни, а владеачката Српска напредна партија е најголем фаворит.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Вчера во српските медиуми се појави прилично бизарен спот на СНП.

Во спотот главниот актер не излегува да гласа, не го дава својот глас за партијата на Вучиќ и така започнува една катастрофална серија на случувања.

„Кога недостасува глас за Вучиќ, сите опозициски партии можат да формираат коалиција. Кога обединетата опозиција ќе ја преземе власта, економијата ќе пропадне. Кога економијата ќе пропадне, ќе останете без работа…“, меѓу другото се слуша во бизарниот спот.

„Зошто би сакале да ве изеде диносаурус? Немојте да останете во минатото, гласајте за иднината“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •