јуни 23, 2021

Боки 13: Ова е политичка пресуда, барајте ги парите кај Зоран и Вице Заеви

Боки 13

Осудениот Бојан Јовановски во судница најави дека деновиве ќе достави кривични пријави против вистинските сторители на кривични дела во Македонија, а на судијката Васка Николовска-Масевска и порача парите да ги бара од кај Зоран и Вице Заеви, а не кај него.

“Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија. Донесовте политичка пресуда. Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски. Во однос на притворот, сметам дека е тенденциозен. Сите овие месеци се покажа и се докажа од ваша страна дека не се работи за обелување на правосудниот систем, туку преку мојот притвор се покажа дека се покажа дека има сплеткани садови. Нема да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во Јавното обвинителство за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја.

Знам дека ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено“, рече Јовановски. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •