август 4, 2021

На денешен ден пред две години е потпишана срамната преспанска капитулација на македонската држава

Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
тројански коњ - скопје

Денеска се навршуваат две години од потпишување на Капитулацијата од Преспа. Со овој чин квислиншката Влада на Заев потпиша дека Македонците се измислен народ од 1945 година, се откажаа од македонските малцинства во соседните држави и ја дефинираа историјата на македонскиот народ само на територијата во денешните граници на Република Македонија, пресекувајќи го со тоа неговиот историски континуитет и предавајќи им ја македонската историја на соседните држави.

Со капитулацијата, квислиншката Влада на Заев влезе во процес на илегална постапка за промена на уставното име на Македонија, иако дојдоа на власт со ветување дека нема да го менуваат Уставот, спротивставувајќи се на јасната волја на македонскиот народ против промена на името со масовно бојкотирање на референдумот оддржан на 30 септември 2018 година.

Ваквото предвавство го отвори патот за уцени и од другите соседни држави.

Овој ден ќе остане запаметен како еден од најсрамните и најцрните денови во македонската историја.

Чинот на потпишување на капитулацијата на македонската држава
Кривичен законик на РМ
Гоце Делчев
Извештај на Државната Изборна Комисија со која референдумот е прогласен за неуспешен

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •