јули 24, 2021

Демократија во македонски стил

Ивица Тодоров

Демократијата не е за глупави, мрзливи, незинтересирани, изманипулирани, криминални, корумпирани и безкарактерни луѓе!

Демократијата е политички модел во кој ако не се бориш за ДОБРОТО и НОРМАЛНОТО, ќе победи ЗЛОТО и НЕНОРМАЛНОТО! Зошто? Затоа што додека добрите и нормалните се занимаваат со себе или со ништо, оние другите се занимаваат со политика!

Во светот нема празен простор, нема непроменлива состојба! Или ќе управуваат ДОБРИТЕ во име на ДОБРОТО или ќе управуваат ЗЛИТЕ во име на ЗЛОТО!
Демократијата ни сведочи дека овој свет не е рајска градина, но таа може да ни помогне овој свет да не стане ПЕКОЛ туку пристојно место за живеење каде што ќе ја развиваме нашата ВЕРТИКАЛА (Богоподобност, духовност, етичност, смисла, цел) и ХОРИЗОНТАЛА (разумен технолошки прогрес, организација, безбедност, просперитет).

Здравата и вистинска демократијата се темели на правилниот изборот на секој од нас!
Погрешен ИЗБОР лоши резултати! Вистински ИЗБОР полезни резултати!
Вистинската ДЕМОКРАТИЈА се препознава и по тоа што своите граѓани ги подготвува за слободен, зрел и одговорен ИЗБОР!
Лажната демократија се препознава по тоа што своите граѓани ги збунува со митологизиран популизам, нерационалност, непринципиелност, двојни стандарди, корупција и ЗЛОУПОТРЕБА од секој вид!

Најдобар пријател на демократијата во македонски стил е КОНЗЕРВАТИВНОСТА разбрана како дефинирање на стандарди на квалитет кои се мерка за да не се пропаѓа надолу, туку да се напредува НАГОРЕ!
Духот и движечката сила на демократијата во македонски стил е ХРИСТИЈАНСТВОТО зашто тоа и дава смисла, вредност, мерка и насока и за ВЕРТИКАЛА и за ХОРИЗОНАЛА!

ДОДОМА

Зрела и одговорна демократија води кон човечна ЕКОНОМИЈА и силна ЕКОЛОГИЈА!

ДЕМОКРАТИЈАТА на 21 век во македонски стил!
Демократија втемелена на СЛОБОДА, ПРАВДА, ПОЧИТ, БОГОЉУБИЕ и ЧОВЕКОЉУБИЕ!
ДЕМОКРАТИЈА која е одговорна затоа што е конзервативна и христијанска!
Демократија СИЛНА, ЗРЕЛА и ПЛОДНА!
Демократија МАКЕДОНСКА која интегрира без да асимилира!
Демократија СУВЕРЕНА која соработува со сојузници кои ПОЧИТУВААТ, а не УЦЕНУВААТ!
Демократија што БЕСКОМПРОМИСНО ќе се штити од сите кои ќе сакаат да ја ЗАТЕМНАТ, и од надвор и од внатре!
Демократија со ВРЕДНОСТ, ВИЗИЈА и ВИСТИНА!
ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНСКИ СТИЛ – зашто само така навистина ќе влеземе во друштвото на созреани и просперитетни народи и држави! Само така ќе осознаеме што е навистина достоинство и како изгледа кога некој е достоен за почит!

Автор: Презвитер Ивица Тодоров, ДОДОМА – Движење за организирана духовна обнова на Македонија

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •