јуни 21, 2021

(ВИДЕО) Брутални апсења во Будва, специјалците ги уапсија градоначалникот и уште неколку лица

2251829carevicls

Неколку лица се повредени во драмата што утрово се случуваше во Општина Будва, кога припадниците на САЈ насилно влегоа и го уапсија будванскиот градоначалник, Марко Царевиќ, и претседателот на општинското собрание, Крсто Радовиќ.

Уапсен е и секретарот за инвестиции, Младен Микијељ, како и синот и братот на Марко Царевиќ.

На снимките се гледаат и слушаат вресоци, кршење на стакло, тепачки, влечење.

На оваа акција претходел обид на полициски кордон да обезбеди влез на Управната инспекција во просториите на Општина Будва.

Поради оваа акција утрово во Будва е тензично, собрани се поголем број граѓани, а градскиот булевар е блокиран. Градот е под целосна полициска опсада, пренесуваат тамошните медиуми.

Пред акцијата за апсење бројни полициски сили биле распоредени околу општинската зграда во која претходната ноќ останале уапсените први луѓе Царевиќ и Радовиќ, на кои неодамна им била изгласна недоворба од локалниот собраниски состав на Будва.

При акцијата се искршени прозорци на општинската зграда, а полицијата употребила и хемиски средства.

Дестина комбиња полни со полициски службеници се пристигнати во Будва каде од рано утрово општинските функционери и граѓани ги имаат запоседнато просториите.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •