јуни 20, 2021

Боки 13 и Катица Јанева утре ќе ја слушнат пресудата за „Рекет“

sud reket

Пресудата за случајот „Рекет”, ќе биде објавена во големата судница на Врховниот суд, инфомираат од Кривичен суд Скопје, од каде додаваат дека оваа одлука е донесена по барање на новинарите.

На утрешното последно рочиште за „Рекет”, се очекува да присуствуваат голем број медиумски екипи.

Во случајот „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување. На поранешнета шефица на СЈО, Јанева, и се заканува казна затвор над 3 години, а за двете дела за кои се гони Боки 13 е предвидена казна од 1 до 10 години затвор.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •