ноември 30, 2021

Универзитетски изборни игри

Професорите Петар Атанасов и Вујица Живковиќ, кои се кандидати за ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, поднеле приговор до универзитетската Комисија за избор на ректор поради, како што велат, преземени активности што не се во согласност со уредбата на Владата, Законот за високо образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во приговорот тие бараат веднаш да бидат стопирани сите преземени активности, а Комисијата за избор на ректор да поднесе оставка.

„Бидејќи од вчерашниот ден повторно се воведува вонредна состојба, бараме Комисијата за избор на ректор да си понесе оставка, а институциите на државата да ги санкционираат овие противзаконски дејства во веќе целосно компромитираната и дискредитирана постапка“, истакнуваат двајцата од 7-те кандидати за избор на ректор.

Двајцата во приговорот наведуваат дека начинот на продолжување на постапката за избор на ректор, како и новиот роковник објавен на сајтот на УКИМ во недела, уште повеќе ја компромитира регуларноста на целата постапка.

Тие сметаат дека конкурсот за последниот петти ден, требало да биде објавен на истиот начин како и првиот пат, во две јавни гласила и на страната на УКИМ, па прашуваат дали е во ред преку е-адреса во 23:55 часот на 14 јуни, недела, да се информираат кандидатите кои поднеле документи во рок кој не е валиден, и дали на овој начин е оневозможено други кандидати да конкурираат.

„Зошто роковите на валидност на комисијата се продолжени по 26 јуни, кога претходно објаснувавте дека по тој датум Комисијата е невалидна, затоа што мандатот на членовите истекува на 26, кога според Статутот, по ова прашање единствено толкување може и треба да даде Сенатот? Вие како комисија не можете да ја толкувате уредбата на Владата со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за високото образование за време на вонредна состојба во делот дека ‘Спроведувањето на останатите дејствија за избор на раководни органи на високообразовните установи, кои започнале пред влегување во сила на оваа уредба со законска сила, продолжуваат по престанокот на траењето на вонредната состојба и по престанокот на ограничувањата утврдени со закон’, односно вие да констатирате дека нема други ограничувања утврдени со закон. Толкување може да даде само орган кој ја донел уредбата, односно во овој случај Владата на Република Македонија“, велат професорите

Сподели
 
 
 
   more