јуни 23, 2021

Т’га за југ

Орелски крилја как да си метнеx и в наши ст’рни да си прелетнех!
На наши места ја да си идам, да видам Стамбол, Кукуш да видам,
Да видам дали с’нцето и тамо мрачно угревјат, како и вамо.

Ако как овде с’нцето ме стретит,
ако пак мрачно с’нцето светит,
На п’т далечни ја ке се стегнам,
и в други ст’рни ке си побегнам,
каде с’нцето светло угревјат,
каде небото ѕвезди посевјат.

Овде је мрачно и мрак м’ обвива и темна м’гла земја покрива,
мразој и снегој, и пепелници, силни ветришта и вијулици,
Околу м’гли и мразој земни,
а в’гради студој, и мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам!
Не, ја неможам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам и в наши ст’рни да си прелетнам,
на наши места ја да си идам, да видам Охрид, Струга да видам.

Виножито, Струга, јуни 2020

Тамо зората греит душата и с’нце светло зајдвит в гората.
Тамо дарбите природна сила со с’та раскош ги растурила,
Бистро езеро, гледаш, белеит или од ветар сино темнеит,
поле погледниш, или планина – сегде Божева је хубавина.

Тамо по с’рце в кавал да свирам, с’нце да зајдвит, ја да умирам!

Слика: Ламбе Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •