јуни 20, 2021

Милош Биковиќ ја носи Сара Џесика Паркер во Белград

bikovic-1

Актерката Сара Џесика Паркер, најпозната по улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, наводно доаѓа во Белград благодарение на српскиот актер Милош Биковиќ.

Според непотврдени информации, еден од најуспешните српски актери ќе ја ангажира Џесика Паркер за снимање анимирани филмови, што ќе биде причина за нејзината посета на Србија, пишува српски „Курир“.

Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“ треба да пристигне во Белград за неколку месеци, со цел да го потпише договорот кој прв го потпиша холивудската sвезда Џони Деп.

Извори наведуваат дека нејзиното пристигнување би можело да се очекува на крајот на летото, затоа што се претпоставува дека ситуацијата со коронавирусот ќе се смири дотогаш. Улогата на Џесика Паркер во новиот проект што ќе се снима во Србија се чува во строга тајност.

Извор: https://plusinfo.mk/

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •