јуни 20, 2021

Кривична пријава за Горјан Тозија: Го продавал „Ослободување на Скопје“, а немал право на тоа

film-ослободување-скопје

Продуцентската куќа „Партизанс“ поднесе кривична пријава против директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, како и за Игор Нола од МП Филм продакшн од Загреб затоа што во неколку наврати се прикажале како продуценти на филмот „Ослободување на Скопје“ и правата за дистрибуција на филмот им ги продале на неколку други компании, објави „МКД.мк“.

Според пријавата, Тозија, иако знаел кој е главниот продуцент на филмот „Ослободување на Скопје“, потпишувал договори за дистрибуција на филмот, наплаќал пари за тоа, без знаење на главниот продуцент „Партизанс“. Тој со ова ги оштетил буџетот на државата и Агенцијата за филм, чиј директор е, која била дел од финансиерите на филмот.

Горјан Тозија во филмот бил ангажиран од „Партизанс“ како надворешен соработник, за што постои и договор.

Сопствениците на „Партизанс“, продуцентот Роберт Насков и режисерот Александар Поповски, изјавија дека немаат што друго да додадат на веќе поднесената кривична пријава и дека го очекуваат одговорот од обвинителството. Од адвокатот на Горјан Тозија нема коментар.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •