јуни 20, 2021

Прогласувањето нова вонредна состојба е опасен преседан на Пендаровски кој може да се протолкува како воведување диктатура

Тоа што Иванов не го направи тогаш, сега го прави Пендаровски! Де факто и де јуре Пендаровски од вечерва прогласи дикатура!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Роберт Милески

Досегашните одлуки со кои се воведуваше и продолжуваше вонредната состојба некако можеа и да се разберат и оправдаат, бидејќи како причина беше наведена пандемијата со ковид-19 и потребата од справување со вирусот. Денешното повторно воведување вонредна состојба, откако истата се прекина пред два дена, е многу опасен уставен преседан!

Имено, пред неколку месеци (21.03.2020) споменав дека заради несмасниот Устав напишан од аматери, Македонија е оставена без Собрание кое би било коректор на одлуките кои Владата ги носи во вонредна состојба, а кои имат сила на закон. Ваквата ситуација за жал во овој момент не може да се коригира, но јасно посочив дека немањето законодавен дом во време на избори, во тој вакуум период Претседателот на државата де факто може да воведе диктатура.

Ако се сеќавате, токму вакво сценарио за прогласување на вонредна состојба беше споменувано во деновите пред 27 април 2017 година, кога Претседател беше Ѓорѓе Иванов. Но работата најверојатно се изјалови, бидејќи Уставот јасно пропишува под кои околности е можно да се прогласи вонредна состојба.

Член 125

Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена. Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

Устав на РМ

Тоа што Иванов не го направи тогаш, сега го прави Пендаровски! Де факто и де јуре Пендаровски од вечерва прогласи диктатура! И не, не е ова претерување! Секој правник со мало познавање на уставно право ќе ви го потврди овој став! Пендаровски си прогласува нова вонредна состојба спротивно на Уставот, а како причина е подготовка на избори, замислете! Ова е катастрофа за македонската правна држава!

Овој опасен преседан му дава можност на секој иден Претседател во време кога парламентот е распуштен да си прогласи диктатура и да ја преземе целокупната власт со мала група послушници во Владата на РМ! Кој би го спречил да си прогласи и воена состојба против замислен противник, или воопшто не мора ни да го има по аналогија на нештата, а во тој случај Претседателот може да ја разреши целата Влада и тој да си постави премиер!

Ако воопшто постои барем една трошка од она што се вика правна држава Македонија, Уставниот суд на Република Македонија уште вечерва треба да свика итна седница и веднаш да ја поништи одлуката за прогласување нова вонредна состојба, оти тие се единствените кои во овој момент може да ги запрат овие невидени изигрувања на правото! Ова едноставно не смее да помине!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •