октомври 23, 2021

Македонија руши неславни рекорди во однос на битката со ковид-19

Ако на тоа се додаде опасноста од вирусот која демне врз секој избирач, следните избори може да бидат една голема катастрофа за државата и луѓето.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Coronavirus-generic-MGN-860x484

Во последните недели Македонија се наоѓа на наславното прво место во однос на борбата против ковид-19 споредено со другите балкански држави. Стапката на заразени е за 5 пати повисока во споредба со Албанија и неверојатни 415 пати повисока споредено со Хрватска!

Во однос на смртните случаи, Македонија и тука го зазема првото неславно место. Во однос на Србија или Хрватска стапката на смрттност во нашата држава е 24 пати повисока, додека споредено со Словенија таа е дури 34 пати повисока.

Со овие неславни бројки Република Македонија влегува во предизборна трка чиј финиш ќе биде на 15 јули. Во време кога е очигледно дека ситуацијата со корона вирусот комплетно излегува од контрола, властите инсистираат на брзи избори, поткрепени од партиски лекари кои убедуваат дека состојбата не е проблематична за да се одржат избори.

Сочувство за последиците кои може да настанат не постои, единствено се мисли на тоа кој ќе ја преземе власта.

Организацијата на изборите е сосема друга приказна. Во ситуација кога нема прогласена вонредна состојба, Владата не може да го промени изборниот законик за да се запазат протоколите, на кој начин овие избори ќе бидат изведени. Единстевено решение е Претседателот на РМ да донесе одлука за нова вонредна состојба која ќе трае преку дефинираниот датум за избори, за овие измени воопшто да важат и да можат да се имплементираат.

Примерот на неодаменшното гласање во американската сојузна држава Џорџија, каде што луѓето чекаа дури и по 4,5 часа за да гласаат, очигледно не значи ништо за нашите власти. Дали воопшто гласачите ќе можат во дефинираниот интервал да го дадат својот глас, ако се знае дека гласањето по човек ќе трае далеку повеќе, отколку во нормални услови, никој не знае. Ако направиме едноставна математика, претпоставувајќи дека во нормални услови на еден гласач му треба две минути да го даде својот глас, тоа би значело дека во расположливите 840 минути, на едно избирачко место би можеле да гласаат максимално 420 луѓе. И толку отприлика се запишани гласачи по избирачките места. Настрана фактот што луѓето гласаат во одредени пикови наутро и навечер.

Во услови на ковид-19, може слободно да претпоставиме дека на еден гласач ќе му се потребни најмалку дупло повеќе време, односно четири минути да го даде својот глас. Тоа повлекува констатација дека на едно избирачко место би можеле да гласаат само 1/2 од вкупниот број запишани гласачи, што автоматски го спушта прагот на максимална излезност околу 50%, дури и сите да сакаат да гласааат. Но знаејќи дека во нормални услови излегуваат околу 65% гласачи, тогаш може да се случи излезноста да биде и под 35%, што би ги довело изборните резултати во сериозен проблем со легитимитетот на оние што ќе победат.

Ако на тоа се додаде опасноста од вирусот која демне врз секој избирач, следните избори може да бидат една голема катастрофа за државата и луѓето.

Дали овие прогнози ќе се остварат, останува да видиме.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •