октомври 23, 2021

Колкав е ефектот од мерките “социјално дистанцирање”, “полициски час” и “носење маски”?

F4.large

Која рута за пренесување на вирусот SARS-CoV-2 е најчест начин за инфицирање?

Студијата објавена пред неколку дена во списанието “Proceedings of the National Academy of Sciences” дава одговори на овие исклучително важни прашања.

Конечно, сознанијата стекнати од различни истражувања спроведени од различни светски истражувачки центри, конвергираат кон исти и солидни заклучоци.

Доминантната рута за заразување е воздушната. Заразениот (со или без симптоми) преку зборување, викање, кашлање или кивање исфрла големи количества капки (>5 μm) и аеросоли (<5 μm). Вториве се најопасни бидејќи се задржуваат најдолго во воздухот, се вдишуваат и вирусот почнува да се размножува.

Интересен, но изненадувачки заклучок е дека мерките за социјално дистанцирање и карантини даваат резултати, но ни приближно толку колку мерката за покривање на лицата, т.е. маските.
Италија и Њујорк се фантастични примери за ефектот на маските.

На првата слика многу јасно се гледа дека кумулативниот број на инфекции во Италија и Њујорк, за неколку дена по воведувањето на мерката за задолжително носење маски, на 6 и 17 април, респективно, од линеарно растечки се претвора во експоненцијално успорувачки.

Споредбата на Њујорк со САД (без Њујорк) е уште пофантастична. Втората слика прикажува драматична разлика помеѓу САД (без Њујорк, график и Њујорк (график A). Мерката “социјално дистанцирање” речиси да не дава резултати.

После неа следува мерката “седи дома”.
Оваа дава резултат, но дневниот број на новозаразени останува речиси константен. Конечно, во Њујорк, се воведува мерката “носи маска” на 17 април. Но, во остатокот од САД не е задолжителна. И бум!

Њујорчаните можеби не биле толку дисциплинирани во носењето маски како граѓаните на Хонг Конг и Тајван, но ефектот е очигледен.
Додека САД сѐ уште имаат скоро константен дневен прираст, Њујорк полека се приближува кон запирање на пандемијата (третата слика).

Линк до статијата Identifying airborne transmission as the dominant route for the spread of COVID-19.
Автор: Марјан Божиновски, доктор на технички науки

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •