октомври 23, 2021

Избори на 15 јули – СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ постигнаа договор

izbori1-1

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули. За овој датум се согласиле СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Една од промените е бидејќи 15 јули е среда, а не недела. Ќе се гласа и на 13 и 14 јули (понеделник и вторник) кога своето право на глас ќе може да го остварат болните и изнемоштените, лицата кои се позитивни на ковид-19, како и оние кои се во самоизолација. Молкот, пак, ќе настапи на 12 јули, недела на полноќ.

Периодот за гласање на 15 јули ќе биде зголемен, па наместо од 7 до 19 часот, би се гласало два часа подолго односно од 7 до 21 часот.

Двајцата лидери се договориле да го информираат претседателот Стево Пендаровски кој, пак, понатаму треба да ги извести останатите политички партии. Заев и Мицкоски ќе ги известат членовите на ДИК од нивните партии за да седнат и да ги усогласат сите протоколи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •