јуни 22, 2021

Започнаа активности за уривање на охридското крајбрежје?!

охридско езеро 1

Од добро упатени извори во градската администрација Дијалектика дознава дека Општина Охрид денес започна активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.

По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро. Објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Останува да видиме дали и оваа акција ќе биде со краток здив?!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •