јуни 22, 2021

Дуќанче

Стефчо Негриески

Некои го нарекуваа и тоалетна хартија!? За некои тој претставува дуќанче каде што можат да влезат кога сакаат и да земат што сакаат. Вчера не беше битен, ама денес се повикувам на него, така во јавноста изгледам посериозно. Погодувате, станува збор за Уставот на државава, највисокиот правен акт. Не поминува долго време кај нас, а да нема различни толкувања на неговите одредби. А уставите секаде, па и кај нас, се пишувани просто, не попусто, за да може да ги разбере секој, и учениот и неукиот.

Еве, после три неуставни прогласувања на вонредна состојба (уставна беше само првата), сега согласно Уставот избори мора да се одржат баш на 5-ти јули!? Но, ајде да видиме што кажува највисокиот правен акт?!

Уставот многу и не ги третира изборите. Во член 67 Уставотворецот определил дека актот за распишување на изборите го носи Претседателот на Собранието. Затоа, за да ни станат работите појасни, мора да се префрлиме на Изборниот законик, кој во суштина допрецизира што може, а што не?

20200614_231947

Па така, во член 12 од Изборниот законик ќе прочитаме дека “Актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието и со него се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија и денот на одржувањето на изборите.” Ништо ново, тоа го прочитавме и во Уставот, нели? Но, следните три става од овој член се многу поинтересни. Но, за мене, а верувам и за вас сепак е најинтересен ставот 4 од овој член, кој во суштина и ни го дава одговорот дали се возможни избори сега или процесот треба да почне од почеток?! Цитирам ” Од денот на распишување на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена.” Парламентарните избори беа распишани на 16 – ти февруари и до денес се поминати преку 90 дена.

Избори на 5-ти јули или било кога по овој Акт за распишување на избори би биле незаконски!!!

android-chrome-512x512

Автор: Стефчо Негриески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •