јуни 22, 2021

Вечерва прогласена нова вонредна состојба во траење од осум дена

Вечерва донесов нова одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба на територијата на целата држава. Одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Македонија, по поднесениот предлог од страна на Влада на Република Македонија, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година соопшти претседателот на РМ Стево Пендаровски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
стево-пендаровски

Политичките партии постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули 2020 година.

Во таа насока, одлуката за прогласување на вонредна состојба е со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на корона вирусот прогласена од Светската здравствена организација.
Вонредната состојба во времетраење од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, да се донесе решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на Државната изборна комисија за одржување на изборите на 15 јули.

По постигнатиот политички договор, потребно е институциите навремено да ги преземат сите активности од нивна надлежност со цел квалитетна и комплетна подготовка и спроведување на изборниот процес.

Деновите од вонредната состојба очекувам да бидат искористени единствено да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите, со акцент на мерките за заштита на јавното здравје.

Очекувам предвремените парламентарни избори да бидат фер, слободни и демократски, имајќи ја предвид евро-атлантската перспектива на земјата, соопшти Пендаровски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •