јуни 21, 2021

Бензините повторно поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,98 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 08.06.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98,  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар и со тоа од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе бидат следните: ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден./лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  ќе изнесува 51,00 ден./лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќеизнесува 40,00 ден./лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НСсе зголемува за 0,273 ден./кг и ќе изнесува 24,886 ден./кг.

Од 16.06.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95  59,50 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  61,50 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  51,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  40,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 24,886 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 8,254%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 6,666%, кај екстра лесното масло зголемувањетое во просек за околу 7,820%  и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,479% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизок за 1,206%.

Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •