јуни 21, 2021

Созревање

Стефчо Негриески

На секоја идеја и треба созревање!!!

Најдобар доказ за тоа е завчерашната прес конференција на Претседателот на Република Македонија. Може на албански? Може може. Само момент. Со сета почит кон функцијата Претседател, ама тоа изгледаше трагикомично. Дури и на новинарката и падна незгодно, па на прекрасен македонски го постави прашањето. Браво за новинарката, добро го истестира Претседателот.

Носиш закон и мислиш дека си направил некаква реформа или си обезбедил некакво право за групата!? Никако. Одговорни политичари носат закони за да ги спроведуваат, се останато е манипулација и чисто додворување.

inbound7096379164968175704

Па така Претседателот на Републиката, вчера сакајќи да спроведе закон донесен со кршење на Деловникот на Собранието и Уставот на РМ, не беше ни оддалеку спремен за такво додворување. Па дури и да проработеа слушалките за симултан превод, јавноста и присутните на пресот кои не го говорат албанскиот јазик ќе беа ускратени за превод на прашањето на новинарката.

Со еден збор, тој закон е мртвороденче. Зошто? Затоа што во Македонија сеуште не се созреани условите (читај не постојат услови) за да се спроведе таква двојазичност каква што може да се испазари или замисли во политичиките пазарења. Донесен преку ноќ, без да се направи анализа дали може да се имплементира, само и исклучиво за добивање политички поени.

Прво скокни после речи оп!

Автор: Стефчо Негриески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •