јуни 23, 2021

Платежните картички и ваучери служат за типичен предизборен поткуп од страна на СДС

Ослободете ја државата од прангите на партиите! Научете конечно што значи поделба на државата од партијата!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Роберт Милески

Самиот факт што токму Коста Петров и Зоран Заев, иако и двајцата не се никакви државни функционери, наоколу се фалат со оваа владина мерка која ја плаќаат граѓаните на Република Македонија од својот џеб, а не СДС како партија, претставува директен доказ дека платежните картички и ваучери се типичен предизборен поткуп., бидејќи се користат од партијата во предизборна кампања, која секако е незаконски да се изведува.

Зошто инаку партиски фукнционери би се фалеле со нешто кое им припаѓа на сите и е платено од сите?! Ниту Заев, ниту Петров одделуваат самите пари за нив, туку сите граѓани.

Не дозволувајте да ве лажат со вакви партиски памфлети. Вие како граѓани плаќате за ова.

„Уште од самиот почеток на кризата, презедовме низа мерки преку кои со директна финансиска поддршка им помагаме на граѓаните и на компаниите полесно да ја пребродат оваа глобална криза.“, изјавува Петров на прес-конференција.

Каде е тука поделбата на државата од партијата? Се сеќавате ли кога Груевски од државниот буџет подели автобуси за град Скопје, а на нив пишуваше „Подарок од Владата на РМ за град Скопје“, сите реагиравме дека треба да пишува „Подарок од Граѓаните на Република Макдонија за град Скопје“. Најгласни секако беа тогашните опозиционери од СДС, кои денес го прават истото што го критикуваа, фалејќи се за нешто кое не им припаѓа!

Еве што изјавуваа СДС кога Груевски го правеше тоа што тие го прават денес:

Посебно оркестриран напад врз Груевски се спроведуваше од повеќе медиуми, новинари и јавни личности токму кога Груевски не беше премиер, а за време на техничката Влада рекламираше мерки на истата. Денес тие исти медиуми, јавни личности и новинари ги нема ни да бекнат за ова што го прави СДС. Сите се замолчени како мачка да им го изела јазикот!

Ослободете ја државата од прангите на партиите! Научете конечно што значи поделба на државата од партијата!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •