октомври 24, 2021

Пендаровски – Вонредна состојба ако партиите се договорат за изборите

стево-пендаровски

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски соопшти дека ќе прогласи нова вонредна состојба, само ако има договор меѓу партиите за датумот за избори, откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика да прогласи нова вонредна состојба за да се создадат услови за одржување на изборите.

„Претседателот е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување“, велат од Кабинетот на Пендаровски за МИА.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •