јуни 21, 2021

НЕЕДИНСТВОТО, најголемата болест во македонскиот организам

Македонци и Македонки, ако НЕЕДИНСТВОТО го дијагностициравме како наша најопасна болест – тогаш како да ја победиме, како да го заздравиме македонскиот организам? Овој процес не е лесен, но не е и неостварлив!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Ивица Тодоров

„Неединството е причина за нашата капитулација, а само единството ќе не доведе до победа!“

Организмот на македонскиот народ боледува од многу болести кои се причинители за многу наши сенародни неуспеси, несреќи, промашувања и трагедии! Да, никој не го спори фактот дека за многу наши сенародни неуспеси, несреќи, промашувања и трагедии е виновен и надворешниот фактор, но тој зeма сила врз нас кога ние сме слаби, кога семакедонскиот морален имунитет е скоро бессилен, кога немаме идеа, визија, мудрост, стратегија, визија, водство! Според мене, но и според многумина сериозни и објективни дијагностичари на нашите болести, сепак, најстрашната болест во македонскиот организам е НЕЕДИНСТВОТО!

македонско сонце 1

Токму НЕЕДИНСТВОТО во минатото оневозможувало остварување на многу градивни идеи, заложби и борби за доброто на Македонија и за доброто на нејзиниот народ!

Токму НЕЕДИНСТВОТО е директната причина за моменталната крајна неповолна состојба во која се наоѓа Македонија и македонскиот народ!

Токму НЕЕДИНСТВОТО нѐ доведе до тоа да мораме сега да се бориме за она најосновното, за името, идентитетот, јазикот, државата, опстојувањето, достоинството, за почитта од другите!

Македонци и Македонки, ако НЕЕДИНСТВОТО го дијагностициравме како наша најопасна болест – тогаш како да ја победиме, како да го заздравиме македонскиот организам? Овој процес не е лесен, но не е и неостварлив!

aesop-united we stand divided we fall

Ако сакаме да градиме и одржуваме ЕДИНСТВО, особено со оние со кои заедно треба да се бориме за да БИДЕМЕ, тогаш потребно е да се научат и практикуваат следните нешта:

  1. Никогаш не смееме да ја наметнуваме својата воља, своето его, својата претпоставка на другиот, односно, не смееме да му наметнуваме наше мислење, став, идеја!
  2. Никогаш не смееме во процесот на изградба на ЕДИНСТВОТО да влеземе со свои егоистични, себични, профитерски, кариеристични, примитивни и други проблематични и патолошки цели и намери!
  3. Никогаш не смееме „другите“ да ги доживуваме како „материјал“ за остварување на свои егоистични, себични и патолошки цели, а особено е НЕПРИФАТЛИВО „другите“ низ процес на манипулација / измама / неискреност / лажни информации да ги наведуваме да ни слугуваат на нашите лични цели кои подмолно ги објавуваме како заеднички, народни и општополезни!
  4. Секогаш треба да се практикува силата на ВЗАЕМНАТА ПОЧИТ, ДОВЕРБА, РАЗБИРАЊЕ, ИСКРЕНОСТ, РАЗГОВОР! На овој начин се доаѓа до ОБЕДИНУВАЧКА ЕНЕРГИЈА – до СИЛАТА на ЕДИНСТВОТО, на ЕДНОТО кое станало такво низ процесото на прифаќање и почитување на другиот и другото, на ОПШТОПОЛЕЗНОТО!
  5. Секогаш над личното треба да биде заедничкото – зашто преку заштита на ЗАЕДНИЧКОТО се заштитува и ЛИЧНОТО, се брани домот, семејството, народот, земјата, државата, идентитетот, верата, јазикот, ЖИВОТОТ! Доброто и просперитетот на ЛИЧНОТО е смисла и цел на ЗАЕДНИЧКОТО! Се подразбира дека ЗАЕДНИЧКОТО не смее да врши насилство над ЛИЧНОТО! Заедничкото е навистина силно ако ЛИЧНОТО – свесно, слободно, љубовно мотивирано и почитувано – се вклучи во ЗАЕДНИЧКОТО!
  6. Секогаш, заеднички, колку овозможува реалноста, треба да се дефинираат, објаснат и разберат вистините, вредностите, целите, задачите, визијата и мисијата што треба ЗАЕДНО во ЕДИНСТВО да се практикува, живее и сведочи! Егоцентричниот елитизм и умислената суетна нечија „вредност“ се отров за вистинското градивно единство!
  7. Секогаш, сите ЕДИНСТВЕНО треба да разбереме дека колку подобри / поморални / помудри / пообразовани / поорганизирани ќе бидеме – толку ПОДОБРА, ПОНАПРЕДНА, ПОЧОВЕЧНА и ПОУБАВА ќе биде нашата заедничката татковина – Македонија!

„Неединството е причина за нашата капитулација, а само единството ќе не доведе до победа!“

Автор: Презвитер Ивица Тодоров

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •