јуни 21, 2021

Игор Дурловски одговори на обвинувањата од Костадинов

Игор Дурловски

Го слушам Костадин денеска на прес конференција и не знам како може гласноговорникот на партијата која ја приватизираше Македонија, партијата на Заеви, кои вртат милиони, а земаат државна помош како да се зависни од неа, партијата на Анѓушев, со милионскиот бизнис, Шекеринска со десетиците станови, и многу други од нивен калибар, како зборува за имоти. Еве збор два и за тоа.

Земјиштето кое што јас со уште 5 други лица го имам купено е пасиште, земја од 6 та категорија. Не се работи за плац во струмичката касарна чија цена достигнува и до неколку стотици илјади евра, ниту станува збор за погон со марихуана. Тоа земјиште е со вкупна вредност од не повеќе од 15 илјади евра. Мојот дел во него е 1/6. Се што сум заработил сум вложил тука и за разлика од тебе и твоите наредбодавци парите за истото ги имам стекнато на чесен начин со работа, труд и дваесетгодишно живеење и претставување на Македонија насекаде низ светот.

П.С.
Лево на фотографиите е мојот пат до успехот а десно на Костадин “војводата”.

Неговиот фејсбук статус

Претходно Костадинов обвини Дурловски дека е лажен патриот кој сред пандемија станува земјопоседник.

“Еден од водачите на протестите За заедничка Македонија и упадот во Собранието, а денес носител на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, својот наводен патриотизам го покажува со купување на хектари македонска земја”, објави денеска СДСМ. 

„Во Свети Николе, Дурловски заедно со уште пет други лица купиле 12 хектари земјиште. 

120.000 квадратни метри земјиште купил фејк патриотот Дурловски заедно со уште 5 други лица. Неодамна во јавноста излегоа информации дека Дурловски заедно со водачите на протестите и крвавиот четврток добиле 200.000 евра за своите активности. 

Дали со парите за напад врз пратеници и новинари, денес лажниот патриот Дурловски купува десетици илјади квадрати македонска земја? Дали со парите за крвавиот четврток, денес Дурловски станува земјопоседник? Додека глумат загриженост за граѓаните, функционери на ВМРО-ДПМНЕ купуваат хектари земјиште низ државата. Класично лицемерие на фејкњуз партијата ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Објавувајќи документи за купопродажбата, тој кажа дека „уште еднаш се потврдува дека и Дурловски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ мислат само на свои, лични и бизнис интереси и воопшто не се грижат за граѓаните и државата“. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •