јуни 21, 2021

Дескоска: Уредбите со законска сила може да регулираат и дејствија по завршувањето на вонредната состојба. Но дали е тоа навистина така?

Рената Дескоска

“Уредбите со законска сила може да регулираат и дејствија кои би се презеле во рокови и по завршувањето на вонредната состојба, односно да регулираат мерки кои ќе имаат правно дејство и по завршување на вонредната состојба, а тоа се однесува и на мандатот на ДИК”, вели министерката за правда Рената Дескоска.

Но според Решение У.бр.45/2020 од 28 април 2020 на Уставниот суд на Република Македонија, во точка 6 в), јасно стои следното:

в) Имајќи ги предвид напред изнесените уставни и меѓународно-правни правила за содржината на правните акти и правните норми во случај на вонредна состојба, Судот утврди дека уредбите со законска сила донесени од Владата на Републиката во случај на вонредна состојба  (!) мораат да бидат во согласност со причината поради која е утврдено постоење на вонредна состојба, (!) не смеат да излегуваат надвор од причината за вонредната состојба и да навлегуваат во другите правноуредени односи и (!) траат само до завршувањето на вонредната состојба.

Screenshot_20200614-205347_Chrome-1-1

Одлуката е сосема јасна, но во секој случај ќе биде потребно да се изјаснат и уставните експерти на оваа тема, бидејќи непочитување одлуки на Уставен суд повлекуваат поинакви санкции.

Во прилог линк до решението на Уставен суд: http://ustavensud.mk/?p=19027

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •