јуни 23, 2021

Деркоски постапува според Уставот и законите

Владата дури и во вонредна состојба кога и се дава можност да носи уредби со сила на закон НЕ МОЖЕ да суспендира уставна одредба, бидејќи Уставот е над сѐ!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Роберт Милески

Деркоски правилно постапува што не свикува седница на ДИК. Еве што напишав на 20 мај, токму тоа што сега Деркоски го кажува. И јас да сум на негово место нема да свикам седница, оти би направил кривично дело.

“Работата е многу едноставна (или можеби не е), Владата дури и во вонредна состојба кога и се дава можност да носи уредби со сила на закон НЕ МОЖЕ да суспендира уставна одредба, бидејќи Уставот е над сѐ! Уставот предвидува одржување на избори во рок од 60 дена од распуштање на Собранието. Бидејќи уредбата на Владата НЕ МОЖЕ да го суспендира Уставот, рокот си течел и истиот е пробиен на 12 април! Тоа значи дека сите дејствија преземени во врска со изборите се НЕВАЛИДНИ.

И што сега? Па сите дејствија мора да се повторат од почеток. Тоа повлекува повторно поднесување изборни листи, збирање потписи, увид во избирачкиот список, итн.

Претседателот на Собрание МОРА да донесе ново решение за датум за избори, врз чија основа повторно ќе започнат изборните дејствија!

Ова е единственото разумно решение за излез од квазиправното лимбо!

Зошто сме во ваква ситуација и Уставот и законите ни се кармакараши? Прашајте го Фрчковски, кој како експерт по меѓународно-јавно право седнал да пишува Устав! Тоа е нешто слично како мојов текст, инженер по Информатика да ви врзува уставна логика”

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •