октомври 24, 2021

196 новозаразени од Kовид–19, осуммина починати пациенти

Пандемијата на Ковид-19 во Република Македонија зема сè поголем замав, досега во последното деноноќие рекордни 196 нови случаи на Ковид–19.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
pcr

Министерството за здравство на РМ денеска информираше дека се потврдени 196 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 90 случаи во Скопје, 45 во Тетово, 17 во Куманово, 11 во Охрид, осум во Гостивар и Струга, пет во Штип, четири во Битола, по два во Пехчево и Ресен, и по еден случај во Прилеп, Велес, Крива Паланка и Свети Николе.

Од МЗ информираа дека починале осум пациенти, четири од Скопје и по еден пациент од Охрид, Гостивар, Струга и Ресен.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни“, стои во соопштението на МЗ.

Во болницата во Битола починал пациент од Ресен на 68-годишна возраст кој бил хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид починал пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Институтот за јавно здравје регистрирал 11 оздравени пациенти, односно, четири во Прилеп, три во Скопје, два во Штип и по еден во Куманово и Велес.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011. Два резултати евидентирани вчера се контролни“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа се примени седум нови, а вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 35 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата „8-ми Септември“ примени се 21 нови, а вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. Од нив, на респираторна машина се девет, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 54 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19“, соопштуваат од МЗ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •