јуни 21, 2021

Албански премиерски сон

received_294149565087594

На провокации, особено политички, па уште и предизборни, тешко и лошо е да се молчи!

Да се осврнам на идеолошката партиска матрица, која сака да си го оствари сонот за премиер Албанец.
Тој сон, сите овие години наназад, можеше да биде и остварен!
И тоа многу лесно можеше да биде отсонуван и на јаве тој сон.

Република Македонија бара човек, постојано е во потрага по ЧОВЕК кој ќе ја застапува подеднакво државата, и ќе се бори подеднакво за сите прашања!
Од културни, национални, економски до историски секакви прашања на овој овдешен конгломерат од повеќе вери и националности!

Е па народот до сега не виде баш таков човек!
Цело време се нуди змија или магаре, или помалото зло од две или три поголеми…

Зошто Бујар Османи, додека преговараше во Грција, не тресна со рака на маса и не рече “НЕ МОЖЕ ОВА”, јас живеам во Македонија, не давам и не можам да дозволам национални понижувања на било кој етникум во Република Македонија!!!!

Уште истиот момент народот ќе го доживееше НОВИОТ ПРЕМИЕР, гарантирам дека истиот тој Бујар утредента ќе беше премиер!
Ма не утредента, уште истиот ден!!!

Или за бугарскиот момент…си замислувам да речеше – “НЕ МОЖЕ, ОВА НЕ ПРОАЃА…не може Гоце Делчев да биде личност во некаква заедничка историја, кога точно знаеш дека во прогласот на ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ постојат Албанците како жители на Македонија, која требало да биде ослободена од османлиите!!!
И пак уште истиот ден си ПРЕМИЕР!!!

Народот во Македонија е во потрага по ЧОВЕК, а не во потрага по етнички или политички лик!!!

Па уште еден слушам понижување кога некој вели – “Ај не четири, две години да бил Албанец премиер?
Зошто две години? Се знае колку е мандат на еден Премиер и Влада!!!
Ама тогаш друго беше расположението, нели!?

А треба ли да мислиме и да полемзираме – Дека Преспанскиот и Бугарскиот договор е само расправија меѓу македонците, грците и бугарите?
Да викаме дека Бугарите го признаваат албанско население?
Или дека Грците го признаваат албанско население?

Оди пробај побарај бугарско државјанство, кое патем истото е и европско нели, па кажи што ќе ти кажат!
Или побарај грчко државјанство, па да видиш што е мегало-ултра национализам!

И затоа, МАКЕДОНИЈА ВИКА: “САКАМ ЧОВЕК ПАТРИОТ ПРЕМИЕР, ДА НЕ ГО ДВОИ НАРОДОТ, НИ ПО ВЕРА, НИ ПО НАЦИОНАЛНОСТ, НИ ПО ПАРТИИ!!!”

Автор: Д-р Елена Петрова-Костова

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •