октомври 21, 2021

Рекорден пад на британската економија од 20,4 отсто во април

Британската економија ослабе за рекордни 20,4 проценти во април во однос на март, кога земјата помина цел месец во блокада поради епидемијата од коронавирус, покажуваат денес објавените официјални податоци, пренесува Reuters.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Велика Британија

За време на три месеци до април, бруто домашниот производ ослабна за 10,4 проценти во однос на претходниот квартал, објави Националното биро за статистика.

„Во согласност со многу други економии ширум светот, коронавирусот имаше сериозно влијание врз нашата економија“, изјави министерот за финансии, Риши Сунак.

Мерките на владата, кои вклучуваат програма за исплаќање на пари на работници кои се привремено отпуштени, покрај давањето грантови, заеми и даночни олеснувања на компаниите, значи дека Британија „има најдобри шанси за брзо закрепнување додека економијата повторно се отвори“, изјави Сунак.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •