октомври 21, 2021

Мицкоски и Заев не се договорија за датумот за избори

Foto-1-1

Мицкоски и Заев во вилата на Претседателот на Република Македонија денеска не постигнаа договор за одредување на датум за парламентарни избори. Во соопштението од Кабинетот на Пендаровски е наведено дека на средбата се разговарало за различни аспекти на изборниот процец.

„И двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции. На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори. Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе“ се вели во соопштението.

По напуштањето на средбата Заев за медиумите истакна дека нема да откриваат нови детали од разговорите.

„Оставивме можност во текот на утрешниот ден ако една од страните заклучи дека треба да се слушнеме, да се слушнеме, остануваме на соопштението“ вели Заев.

Мицкоски изјави дека во интерес на сложеноста на целата ситуација да остават претседателот во соопштение да ја информира јавноста.

„Деновите кои што се пред нас ќе добиете дополнителни информации, она што е важно дека до овој момент сè уште нема договор“ рече Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •