октомври 23, 2021

Мицкоски и Заев на средба со Пендаровски во 18:30ч во претседателскиот кабинет

IMG_20200612_153920

Договорена е средбата меѓу лидерите на двете најголеми македонски партии, Христијан Мицкоски и Зоран Заев по повикот на претседателот на РМ Стево Пендаровски вечерва во 18:30 часот во кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Според Пендаровски оваа средба е неопходна заради обезбедување инклузивност на изборниот процес.

Двајцата лидери и шефот на државата ќе разговараат за изборниот ден, откако Пендаровски денеска итно ги повика да се сретнат и да одлучат кога ќе се одржат изборите.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •