јуни 21, 2021

Конфузниот Пендаровски

“Кажувам, заборавам, негирам”.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Роберт Милески

Се трудам, ама не можам да го разберам Пендаровски. Денес изјави дека ниту една вонредна состојба не ја донел заради бројот на заразени лица, а на сите претходни прес-конференции го изјавуваше токму тоа.

Еве тогаш да прашам: а која би била друга причина за воведување на вонредна состојба, ако знаеме дека таа според Уставот се воведува во услови на природни непогоди, поплави, епидемии!?

Некого дефинитивно го префатила болеста на конфузност, еднаш да даде една изјава, подоцна истата самиот да ја побие и негира. Што би рекла почитуваната Силјановска: “кажувам, заборавам, негирам”.

Еден таков лик веќе познаваме, сега имаме уште еден. Не за ништо самиот изјави дека е ист со Заев 102,5%. Само се надевам дека оваа “болест” на амнезија ќе остане ограничена во кластерот наречен СДС и дека нема да се претвори во општа епидемија или не дај Боже пандемија.

Автор: Роберт Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •