јуни 20, 2021

Брусење на предавството

Бруси, крши, уривај, повторно ќе свети сонцето. Како те донесовме кренат на раце, така ќе те пуштиме да треснеш. И ќе бидеш сам.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
received_617360958869218

Додека брусиш, о ти голем лидеру,
додека клечат работниците со брусилка во рацете за да го избришат трагот,
всушност копкаш по земјата наша исконска…
Немој да копаш премногу, копајќи ќе налеташ на ретка монета од времиња, за
твојата неукост непозната.

Ќе наидеш на врвови од бранителски стрели кои за
тебе се само некакви желевца, а всушност се жезли кои ти се забиваат во градите.
Знам, болат, ама не се даваш, си велиш нека болат, нека не ме величи моето село,
нека ме величи душманот, побогат е, миразџија е…
Затоа само понежно со брусилките, колку да се замагли трагот.
Ама пустото, и таа брусилка
остава траги, за по дождот да светне сончевината, онаа иста како вчерашната, ама без тебе
Затоа што кога си сам, не постоиш…
Не, бивш пријателе, тоа ти е како дијамант…

Колку повеќе го брусиш толку повеќе светка.
Колку повеќе го забрануваш, толку повеќе го носат на себе,
колку повеќе ја гаснеш слободата,
толку повеќе извира (пееше нешто една пеачка на која и химната и беше забрането да ја испее)…
Се покајала, но за тебе бивш пријателе нема покајание.

Бруси, крши, уривај, повторно ќе свети сонцето.
Како те донесовме кренат на раце, така ќе те пуштиме да треснеш.
И ќе бидеш сам…

Тоа значи бивш пријателе, дека
така не може да постои, ниту со сите пари на овој свет.
Така се гние!
Грутките во грлата на секој Македонец се всушност бомби. Не, не се онакви како твоите со кои се
богатеше,
туку се грутки на кои ќе ги поставиме старите стремежни темели.
Лажниот соживот, како кратка проекција во рамките на твоите субнационалистичи идеи ги
прочитаа и оние на кои им се додворуваш и денес.
Знаат дека човек кој го бруси знамето на својот народ, плука на нивното, знаат дека ги поткопуваш,
ги подмитуваш,
за да и тие се откажат од нивното знаме кое не би го избрусиле ниту во најлош сон!

Ама ете, се излажавме, од твоите ниви не излегол човек, излегол лик кој рекол – ќе брусам, ама мотика
не фаќам!!!

Гледаш, не сме сами.
Не сме сами тука, не сме сами ниту надвор од оваа педа прекрасна земја.
Ја возиш со мотори, со коли…

Возиш со голема брзина,
затоа што те прогонува,
те тера да бегаш,
да се криеш,
да чучнеш во некоја пештера за тебе наречена сом, а всушност е стар зарѓан сеф со
неупотреблива вредност во него…
Затоа што пријателе најбивш, голи доаѓаме на овој свет и такви си одиме.
Што ти ќе однесеш? Брусилка? …
Помисли се, оди во црква (не кај твојот човек кој ти тутна брусилка во раце).

Оди на било
кое друго место, ама прво најави се.
Можеби и не се толку побожни монасите, затоа што знам дека
не користат брусилки…
Ама пробај…
Што знаеш, ќе се најде некој кој е според сите можни
христијански убедувања задоен, па ќе те прими,
ќе те попрска со света водичка,
и ќе ти каже,
се ќе избрусиме, се ќе замачка и Горнион,
ама предавството никогаш.

Поздрав, бивш пријателе.

Авторот и е познат на редакцијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •