јуни 21, 2021

Убавините на Македонија – Римскиот аквадукт

103316511_10214158259709518_7474301262349815378_n

Вистинска атракција претставува познатиот аквадукт – римскиот водовод. Овој импресивен археолошки локалитет се наоѓа во непосредна близина на Скопје, поточно на 2 км северозападно од градот во скопската населба Визбегово. За него не постојат прецизни археолошки ископувања и истражувања, поради што не се знае точното време на градбата и неговиот градител.


Според градежните карактеристики, најверојатно постоел уште од раниот среден век.


Познатиот хроничар Прокопиј смета дека водоводот бил подигнат во византискиот период од 527-565 г., во времето на владеењето на Јустинијан I и затоа тој се нарекува уште и Јустинијанов аквадукт. Бил изграден со намена за донесување вода до античкиот град Скупи од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора. Водата преку аквадуктот се пренесувала со цевки со пречник од 25 см што оделе во правец запад-исток. Завршувал со чешма од каде се полнела вода за пиење и се поела стоката. Постои и друга претпоставка дека аквадуктот е изграден во 15-от век кога во Скопје се граделе многу нови исламски градби, џамии и амами, за чии потреби биле неопходни големи количества вода.

Автор: Елена Петрова Костова

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •