Повторно загрижувачки бројки: 7 починати и 125 новозаразени од Ковид-19 во земјава

Во изминатото деноноќие од вкупно 1019 тестирани лица, се регистирани 125 нови случаи на заразени со Ковид 19. За жал во изминатите 24 часа се регистрирани и 7 лица кои починале од коронавирус во земјава.
Најголемиот број на заразени се во Скопје дури 89 ново дијагностицирани, потоа Тетово со 11 новозаразени, во Охрид има 8, во Куманово 4, во Штип, Прилеп и во Струмица по двајца, и по еден новозаразен во Велес, Гостивар, Кичево и во Ресен, напиша првиот човек на здравството во Република Македонија, Венко Филипче.
Сподели