октомври 24, 2021

Еврокомесарот Вархеји порача дека изборите мора да се слободни, фер и инклузивни

Oliver_Varhelyi

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска разговараше со Христијан Мицкоски и Зоран Заев за политичката криза која се создаде околу одложените избори, по што порача дека е важно изборите да бидат слободни, фер и инклузивни.

Разговарав со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски вечерва, за да ја подвлечам потребата во Македонија да се одржат слободни, фер и инклузивни избори. Треба да се земе предвид состојбата со Ковид-19, како и потребата ефикасно да се овозможи економска обнова.

Ова го напиша Вархеји во својата порака по разговорите со двајцата лидери на партии. Со барањето за инклузивни избори, ЕУ испраќа јасен сигнал дека мора да се постигне заеднички договор за датумот за избори.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •