октомври 20, 2021

Дениција, немој да се срамиш од нас

Тоа е затоа што патриотизмот го гледаме низ призма на политички идеологии! Не, таму нема патриотизам, ниту пак може политичка структура да доведе и со инка да му стави на човек во глава патриотизам ако тој самиот не го разбира тој збор.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Denicija-na-Petre-Andreevski-napolni-50-godini-01

Кога ја љубев Дениција, како да учествував во формирањето на првата македонската држава

Во изминатите неколку години изгубивме многу од гордоста!
Следува период кога ќе се изнаслушаме патриотски муабети, ќе се изнагледаме личности или неколку личности, од кои ќе изнаслушаме толку патриотизам да просто човек и не поверува дека е возможно да баш од тие личности доаѓаат такви зборови.
Тоа е нормално пред избори, да секоја личност од некое ќоше дојдена извади од себе нешта, кои ниту со истиот можеш да ги поврзеш, ниту пак истиот ќе знае што зборува…

Дали ќе дојде ден кога сите ќе бидеме среќни!?
Треба да дојде ден кога ќе гледаме искрени и среќни насмевки.
Дали ќе дојде и тој ден?
Тешко!
Тоа е затоа што патриотизмот го гледаме низ призма на политички идеологии!
Не, таму нема патриотизам, ниту пак може политичка структура да доведе и со инка да му стави на човек во глава патриотизам ако тој самиот не го разбира тој збор.

Патриотизам е чувство на љубов!

И пак ќе ја спомнеме Дениција…

Ако има барем еден политичар, еден судија, обвинител, професор (освен чат пат професорчичи кои ја имаат разбрано пораката, ама не ја применуваат), да знае и да може да ни ја објасни ДЕНИЦИЈА.
Прво прочитале, второ ако прочитале мислат дека тоа е некое стискање цицки како инспирација за пишување некаква поезија во главата на Петрета…
Не, такви луѓе нема да видиме, ќе видиме некои качени на пиедесталите, однадвор свилени, од внатре гајби дрвени!
Тоа ќе се случува од утре па натаму, и затоа заборави на ковид, заборави на се, затоа што циничен е вирусот наспроти Дениција.
Носиме во себе огромен, ама огромен револт од огромен број неправди и тежат како олово…

Не убиваат, дробат од внатре.

Си ја забораваме одминатата младост и вакви средовечни мора да стоиме со наведната глава, затоа што сме сами, затоа што не знаеме да се врземе со структури, затоа што така пак нема да сме единка и нема да можеме да размислуваме, нема да имаме свест и совест.
Следбеници кои еднаш те сакаат, еднаш те колнат, еднаш сакаат да те нема, а им ја даваш душата…
Затоа што Дениција не ја разбрале!!!
А знаеме дека мора да дојде ДЕН!!!
Морничаво е онде позади затворените врати и драмските завеси.
Кога ќе се појават треба да ги обожуваш, а всушност тие се таму да одглумат ролја според договорени сценарија.
Сите овие години ѕиркаме што се случува позади тие завеси и затоа ни е згадено од се.
Најголеми аматери меѓу актерите ми се оние на кои им е дадено сценариото во рака и прашуваат – а што јас сега треба да праам? …. СРАМИ СЕ!
Па одма ќе се појави некој смирувач и ќе му дошепне – удирај се во градите свои, а кажувај дека се удираме во градите ваши!…
И овој демек-“Ааа, јасно ми е”.
Толку е со писменоста човекот разбран.
На крајот ќе се изаплаудира, а велтшмерцот ќе продолжи, се додека не се соберат заедно луѓето кои ни се огледала, во кои се гледаме себе.
И кога ќе го прочитаат и ова што е напишано, нема да го разберат, па ќе си речат…еее предолго е напишано, кој ќе чита, не се страшни ваквите, ќе ги решиме на првиот потег!!!

Афирмацијата не е патриотизам, патриотизам е случувањето!

Автори: Елена Петрова Костова, Михајло Тодоровски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •