Во време на страшна економска криза, институциите се полнат со нови вработени
Законот за административни службеници во глава V јасно ја пропишува постапката за пополнување на работните позиции во државната администрација.

Во предвечерието на страшна економска криза, институциите се полнат со нови вработени. Огласите се објавуваат согласно законот за работни односи само за да останат тајни односно да не мора да бидат објавени на сајтот на Агенцијата за администрација. Ова трае веќе подолго време, со што се прекршува Законот за административни службеници, но и се чинат низа кривични дела со нанесување на сериозни штети врз буџетот на РМ.
Имено Законот за административни службеници во глава V јасно ја пропишува постапката за пополнување на работните позиции во државната администрација, со јасни фази во постапката и компетенции и услови кои кандидатите треба да ги исполнат. Преку распишување на огласите согласно Законот за работни односи, се скратуваат роковите за аплицирање, се избегнува задолжителниот тест за државен административен службеник, како и составот на комисијата за задолжителното интервју предвидено во Законот за адмонистративни службеници.
Исто така, во ова време невреме, кога реално е намален обемот на работа и на администрацијата и кога сите знаеме дека државниот апарат е прегломазен, се врши дополнително оптеретување на буџетот, со исплата на плати за непотребни вработувања.
Автор: Стефчо Негриески