јуни 20, 2021

Дали вреди?

дали е време да се биде само сведок на настаните или пак да се биде целосно одговорен и активен учесник во донесувањето на одлуките за сегашноста и иднината на Македонија?

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Роберт Милески

Драгата Gordana Siljanovska Davkova се прашува дали е време да се биде само сведок на настаните или пак да се биде целосно одговорен и активен учесник во донесувањето на одлуките за сегашноста и иднината на Македонија?

Јас велам треба да се биде учесник, но да не се дозволи да се биде изигран од соучесниците, оти, опасноста е тука и е голема. Секогаш кога се прифаќаат одредени обврски, претходно тие се поставуваат на основни постулати врз кои се гради довербата.

За мене на пример во овој момент сè уште стои отворено прашањето што го наметна Тимоние, прашан дали постои опасност ВМРО-ДПМНЕ ако дојде на власт да го врати уставното име, тој рече дека тие дале гаранции дека ќе го почитуваат преспанскиот договор. Дилемата дополнително ми се наметнува и со изјавите дека ВМРО-ДПМНЕ не учествувале во неговото донесување, што секако не се точни, оти при гласањето за отворање на процедурата за уставни измени, осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа во име на партијата. Тие беа подоцна исклучени, а при една прилика беше оставена и врата тие повторно да си се вратат во партијата.

Како и да е, отсуството на каков било отпор за време на предавството што го направи сдс, неспротивставувањето на ништо, неприсуството на ниту еден функционер на ВМРО-ДПМНЕ на прославата по повод годишнината од пропаднатиот референдум (очигледно одењето по концерти е поважно отколку да се биде со илјадниот народ на улица) и дополнително сега, немањето никаков демант на изјавата на Тимоние за гаранции дека ќе го прифатат преспанскиот договор е клучната дилема – што во таков случај, за што ќе се бориме ако никој не сака да се бори за Македонија, туку само сака да ја преземе северна!?

Можеби тоа е и целта на оние што ни ја скроија капата, токму да се потврди дека на терен повеќе не постои реална политичка сила која може да се спротивстави на сигурното пропаѓање на Македонија и на македонскиот народ, односно да умрат и да се закопаат сите надежи дека е можна некаква промена.

Не е така? Демантирајте ме, но не со моја екскомуникација, туку јасно и гласно, кажете точно што ќе направите, докажете дека не постои таен договор. Народот има право да знае, оти тоа му го должите!

А промена? Па секако дека е можна, само треба да сака народот.

Автор: Роберт Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •