октомври 21, 2021

Проѕирната игра на грчкиот тандем Коцијас-Мицотакис

Грчката пропаганда не запира, секако во дослух со сегашната Влада во Скопје

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Роберт Милески

Луѓето мора да се запознаени со стратегија. Тие што ја разбираат ќе преживеат, тие што не ја разбираат ќе изгубат. – Сан Тсу.

Ја знаете драги мои онаа изрека за истата паричка со две лица? Токму тоа се ликовите Коцијас и Мицотакис. Грчката пропаганда не запира, секако во дослух со сегашната Влада во Скопје. Но овојпат засилување добиваат и од грчката опозиција и нивниот лидер – Мицотакис. Знаете, на прв поглед следејќи ја невнимателно оваа битка за Македонија, човек добива впечаток дека Коцијас и Заев се во право кога ги обвинуваат опозициите во двете држави дека се наводни противници на капитулантскиот договор. Но тоа е така само на прв поглед, оти ако погледнеме зад кулисите и зборовите кажани меѓу редови, веднаш пред нас ќе се исцрта вистинската слика, а тоа е пропагандната соработка на Заев, Коцијас и секако Мицотакис насочена против македонскиот народ. Знаете драги мои, од овие тројца, човек сепак мора да ги респектира Коцијас, а посебно Мицотакис, бидејќи тие не се ништо друго освен добри Грци и вистински грчки патриоти, кои секој од нив ја игра својата улога која му е доделена за остварување на заедничката цел – бришење на македонскиот народ, историја и македонската држава. Сан Тсу вели ако си игнорантен спрема себе и спрема непријателот, поразот ти е сигурен.

Но, зборовите се ништо без поткрепа, па ајде заедно јас и вие да анализираме дали ова сценарио е така како што го прикажувам или можеби не. Анализата ќе ја почнеме од Македонија, од оние сдс ликови и медиуми кои и даваат поддршка на оваа пропаганда, а тоа најдобро ќе го приметите кај нив според тоа што споделуваат делови од интервјуа на грчки официјални лица за да „докажат“ дека Заев и компанија се во право кога велат дека го „зачувале“ македонскиот идентитет и јазик. Овие нивни „докази“ најчесто се од цитати од гореспоменатиот Мицотакис, бидејќи тој е опозиција во приказната, нели, тој е замислениот противник, нема смисла да го пренесуваат Коцијас.

Но, да продолжиме преку граница кај нашиот јужен сосед. Ќе ги земеме за анализа нивните последни изјави. Ќе започнеме со Мицотакис. Што всушност вели Мицотакис?

Мицотакис во интервју за „Зидојче цајтунг” уште еднаш го иразува своето незадоволство од постигнатиот договор, посебно го нагласува незадоволството со признавањето на македонската нација и македонскиот јазик во договорот од Преспа за кое вели дека е нешто неприфатливо. И токму оваа изјава кај вас треба да предизвика емоција и да донесете заклучок – Аха! Ете! Заев не продал ништо, па штом Мицотакис се буни, мора да е така, другите сигурно лажат! И тука драги мои лежи грчкиот патриотизам. Мицотакис едноставно мора ова да го тврди, тој ја има токму таа улога. Да не навлегуваме подлабоко во изјавата и да ве потсетувам дека јазикот никогаш не бил предмет на „признавање од Атина“, ниту пак некаква признаена нација, оти според резолуциите на ОН се разговараше за разликите околу името, она меѓународното. Ама како вели Коцијас во интервјуто – ги “убедивме” ОН и другите да стојат настрана, оти “сами” најдобро ќе најдеме решение. Епа еве најдоа.

Но тоа е друга приказна. Да се задржиме ние до Мицотакис. Најново е секако неговото тврдење за референдумот во Македонија, за кој тој вели „Референдумот ќе успее“. Видете, Мицотакис сугестивно ви кажува и како ќе помине референдумот кај нас, за ова вам да ви остане во глава. И дотука се е во ред. Но, што вели Мицотакис за односите дома? Нели е против македонската нација и јазик? Зошто тогаш побогу не ги искористи сите инструменти што му стојат на располагање, па на пример да ја разниша грчката Влада по ова прашање дотаму, за да предизвика вонредни избори во Грција, или на пример да побара референдум и во Грција, знаејќи дека на таквиот со сигурност ќе биде отфрлен договорот? Нели тоа му е целта? Нели тој се противи во оваа проѕирна грчка игра? Не драги мои! Мицотакис го иразува своето незадоволство од постигнатиот договор, но додава дека доколку тој биде ратификуван во грчкиот парламент ќе го почитува! Вели „јасно кажав дека не сметам дека овој договор е добар. Нова демократија ќе гласа против, кога и да дојде за гласање. Но очигледно, ќе треба да го почитувам како национална обврска на Грција, доколку биде ратификуван од грчкиот Парламент.“ И тука си велите самите – хм, тука нешто „не штима“ со муабетот.

Но тоа не е се! Мицотакис додава дека на соседната земја и претстои референдум и според него договорот ќе биде прифатен. И додава дека „таков референдум во Грција не би поминал“. Па зошто тогаш не повика на референдум штом е толку против договорот, а знае дека референдумот би го спречил!? Мицотакис вели „јас не посакувам референдум, но надворешно-политичките прашања мора да ги решава Парламентот“, а за изборите вели „во врска со тоа дали смета дека нови избори треба да има по ратификацијата на договорот, Мицотакис одговара негативно.“ Бре мајката! Е сега ова навистина предизвикува едно долго хмммммм кај вас, нели? Човекот е против договорот, ама не предизвикува избори кои би го спречиле. Човекот е против договорот, ама не посакува референдум со кој би го спречил!

И сега драги мои? Ја пробивте ли неговата игра? Тој е од една страна огромна поткрепа за Заевата Влада, а од друга страна е одличен во неговата улога да ја демпфува или неутрализира улогата на македонската опозиција како “споредбен лош лик”.

Но полека, тука не запира играта. Го заборавивме најважниот лик во оваа сага, комрад Коцијас! Се сеќавате од погоре во текстот дека Мицотакис изјавува дека не се согласувал со тоа што Коцијас ја признал македонската нација и јазик? Но дали драги мои, дали е тоа навистина така? Внимавајте како на тоа му реплицира Коцијас – тој упатува порака до сите оние граѓани во Грција, кои што не се согласуваат со договорот, „да го прочитаат и да го проучат подобро“ и да видат „дали навистина се реални опасностите на кои што се повикува опозицијата“.

Ха! Хек трик! Шах мат! Коцијас вели, не, не, немаме ние признаено ништо. Прочитајте си во договорот самите.

Ете тоа е драги мои оваа грчка игра во која се замешани домашните Андарти, и кој од наивност, кој од други побуди го игра погореопишаното грчко Сиртаки.

Ќе го завршам овој текст со она што секогаш го повторувам – не им верувај на Данајците и кога поклони ти носат..

Хммммм!

Автор: Роберт Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •